КАКО ДА ОДГЛЕДАТЕ УСПЕШНО ДЕТЕ, А НЕ САМО „СО СИТЕ 5-КИ“ НА УЧИЛИШТЕ

Успехот на училиште е важен, но не е се. Многу е поважно да се научи детето на модели за социјална интеракција, како да ги брани своите позиции и како да изгради позитивни ставови.

„Се обидуваме на нашите деца да им направиме компјутери полни со факти. Во овој поглед, машината секогаш ќе има предност пред човекот. Убедени сме дека асимилацијата на информации гарантира успех, но во пракса го попречува развојот на човекот. – објаснува Кејти Хирш-Пајсек, професор на Универзитетот Темпл, Филаделфија.

Шест средства за успех:

Соработка
Тоа е во срцето на сè, бидејќи е поврзано со тоа како една личност комуницира со другите и како ги контролира своите испади и импулсивни реакции. Ова е важно не само на училишна возраст, туку и подоцна во животот. Сè што прави детето на училиште или дома треба да се заснова на соработка.

Комуникација
Тоа вклучува зборување, читање, пишување и слушање. Не оставајте го малечкото без зборови на маса со возрасни. Нека ја практикува својата реторика.



Содржина заснована на комуникација
Врските што ги прави детето помагаат да се развие говорот, да се стимулира желбата за читање, пишување и способност за внимателно слушање. Содржината целосно се потпира на овие врски. Затоа што детето не може да ја научи содржината ако не научи добро да го разбира јазикот.

Аналитичко размислување
Кога се учи јазикот и информациите, време е за аналитичко размислување. А тајната е едноставна – со поставување прашање на детето и додека одговара, не треба да го прекинувате или да го запирате. Нека зборува и размислува. Уште подобро е да го поттикнете само да поставува повеќе прашања. Дури и да се сомнева. Ова ќе му помогне да разбере што мислат другите и зошто.

Креативна иновација
Треба да имате знаење пред вашата глава да роди нешто навистина иновативно. Затоа е важен квалитетниот РЕМ сон при кој се градат синаптички врски и се формира интелигенција.

Самодоверба
Важно е детето да презема само разумни ризици. Тоа успешно се постигнува со стекнување на доверба и оптоварување со одговорност, прво со полесни задачи, кои постепено се комплицираат.