СЛАБЕЕЊЕ БЕЗ ГЛАД? ЕВЕ КАКО

Секојдневни „трикови“ кои ќе ви овозможат побрзо слабеење без да следите посебни диети.

Националната здравствена служба на Обединетото Кралство препорачува да се придржуваме до 12 правила кои можат да станат здрави навики и да помогнат да се изгуби тежина, пишува „Сан“.

  1. Започнете го денот со физичка активност. Обидете се да правите чекори додека миете заби, да правите склекови за време на паузата за ручек во канцеларијата или додека гледате телевизија, да „трчате“ на самото место додека подготвувате чај или кафе.
  2. Ограничете го внесот на алкохол.
  3. Не пијте кафе попладне за да спиете подобро навечер.
  4. Заменете го овошниот сок и пијалоците со шеќер со вода, чај и млеко.
  5. Започнете секое утро со десет минути пешачење околу вашиот дом.
  6. Јадете помеѓу главните оброци за да избегнете јадење подоцна.
  7. Ако сакате слатки, заменете го млекото или белото чоколадо со 70% темно чоколадо.
  8. Пробајте нов зеленчук секоја недела.
  9. Направете список со намирници пред да одите во супермаркет за да избегнете спонтан отпад од храна.
  10. Побарајте пријател да се сретне со вас на прошетка двапати неделно.
  11. Пронајдете алтернативни начини да добиете позитивни емоции (покрај храната). Обидете се да решите загатки, да ја слушате вашата омилена музика или да разговарате со пријател.
  12. Не забранувајте одредена храна. Ако навистина сакате да јадете нешто, не се откажувајте, само јадете полека.