10 ДНЕВНИ РУТИНИ НА СРЕЌНАТА ЛИЧНОСТ

Има ли тајна за среќен живот? Не постои магична формула која веднаш ќе го трансформира вашиот живот. Патот до среќен живот е поплочен со здрави навики, како грижа за физичкото и менталното здравје , поминување време во природа и добри односи со пријателите и семејството. Сите бараат среќен живот, а за да го најдат, многумина го следат добро изгазениот пат на мотивациони книги и статии за самопомош. И постојано се прашуваме кои се карактеристиките на луѓето кои се најсреќни во животот.

Денеска ви претставуваме 10 заклучоци до кои дошле научниците во проучувањето на среќниот живот:

  1. Вложувајте емоции, а не пари во семејството и пријателите

Дури и ако првиот импулс е да купувате работи за саканите, истражувањата покажуваат дека е покорисно да се инвестира во подобрување на односите со саканите преку споделени искуства и поминување на слободното време со нив.

  1. Социјални врски

Социјалниот капитал што го добивате од учеството во различни организации – без разлика дали се формални или не – има добро познати придобивки. Тоа создава чувство на припадност и не штити од изолација и осаменост.

  1. Ментално и физички активни

Со овој совет секој може да прави што сака, во зависност од тоа колку пари и време има. Но, најлесно е да се обидете да пешачите еден час и да ја прочитате омилената книга пред да заспиете, наместо да копате по социјалните мрежи.

  1. Вера

Не треба да бидете религиозен човек во традиционална смисла за да бидете среќни, се препорачува да го следите вашиот филозофски или духовен пат. Обидете се да најдете вистини кои го надминуваат вашето секојдневие.



  1. „Здрав ум, здраво тело“

Овој совет е сложена варијација на точка 3. Дневните прошетки треба да се надополнат со добро воспоставен план за вежбање. Истражувањата покажуваат дека редовната физичка активност помага да се подобри расположението и социјалното прилагодување.

  1. Бидете добри за да бидете среќни

Утврдено е дека нашиот позитивен став кон познатите и непознатите луѓе што ги среќаваме во секојдневниот живот не само што ги енергизира нив, туку и самите нас.

  1. Бидете дарежливи

Алтруизмот кон другите произведува допамин, серотонин и окситоцин во мозокот, невротрансмитери кои се хемиска формула за среќа.

  1. Грижете се за вашето здравје

Од сите здравствени проблеми, оние кои предизвикуваат најмногу непријатност се обично хроничната болка и анксиозноста. Не занемарувајте редовни прегледи и посети на стоматолог. Ако емоциите ве спречуваат да работите или се пречка во љубовните и социјалните односи, посетете психолог.

  1. Поминете време во природа

Истражувањата покажуваат дека во споредба со урбаните прошетки, оние во природа значително го намалуваат стресот, го подобруваат расположението, па дури и помагаат во меморијата.

  1. Комуницирајте со колегите надвор од работа

Истражувањата покажуваат дека пријателството на работното место го зголемува ангажманот на вработените, што е поврзано со среќата и продуктивноста на вработените.