Станете ловец на добри мигови во овој убав и уникатен свет, затоа што сѐ што искусувате нема да се повтори.
Кои се нивните тајни за среќен живот?
- Живејте во мигот, токму во него се кријат сите можности на овој свет.
- Заборавете на годините, сѐ е возможно без разлика колку сте стари.
- Престанете да анализирате сѐ, само уживајте.
- Не го одложувајте доброто за подоцна, животот е тоа што се случува сега и овде.
- Фокусирајте се на една работа како таа да е најважната работа во светот.
- Запомнете дека сѐ што ни се случува, дури и непријатните работи имаат своја цел.
- Ослободете се од очекувањата, тие се убиец на среќата.
- Не ги избрзувајте работите, нетрпеливоста ви е непријател.
- Седнете и уживајте во чудото наречено живот.
- Ангажирајте ги сите сетила, односно слушајте, гледајте, допирајте, мирисајте и вкусувајте ги работите секој ден.