10 КИНЕСКИ МИСЛИ И МУДРОСТИ

Убавите мисли и мудрости секогаш се добредојдени. Кои ќе ве мотивираат, зајакнат и ќе ви остават мудар печат на кој ќе се сетите во некои моменти од животот.

  1. Учителот ви ги отвора вратите, но вие морате да учите сами.
  2. Ако си трпелив во моментот на лутина, ќе избегнеш сто денови тага.
  3. Кога веќе еднаш ќе ги изговорите, ниту најбрзиот коњ не може да ги стигне вашите зборови.
  4. Мудриот човек сам донесува одлуки, будалата го прифаќа јавното мислење.
  5. Еден разговор со мудар човек вреди повеќе од месеци учење од книга.
  6. И убавите цветови, убави се само некое време.
  7. Животот е само мост. Немој да градиш куќа на мостот.
  8. Кој ја бара вистината, мора да знае и како да ја поднесе.
  9. Во моментите на успех, не ги заборавај своите неуспеси.
  10. Подобро запалете светло отколку да ја проколнувате темнината.