Ретко кој друг писател знаел толку убаво да ја отслика човечката душа и најскриените човечки мисли, како што тоа го правел Фјодор Михајлович Достоевски.
Тој самиот не се согласувал со таа квалификација, но честопати за него велат дека е еден од првите претставници на „психолошкиот реализам“ и писателот што најреалистично ја отсликал човечката душа.
Неговите романи не се читаат во еден здив, туку ве тераат да застанете, да размислите и да се обидете да протолкувате што сакал да каже. Која е мотивацијата што ги води ликовите во нивните дејствија?
Во продолжение прочитајте неколку цитати на Достоевски за успехот:
„Заведи ми го умот и ќе го добиеш моето тело, пронајди ми ја душата и ќе ме имаш засекогаш“.
„Ако си успешен во нешто, или ќе те копираат, или ќе ти завидуваат или ќе те мразат“.
„Сите идеали во светот не вредат колку солзите на едно дете. Не преземајте ништо додека сте гневни“.
„Луѓето често ги набројуваат своите неволји, но никој не ги набројува сопствените радости. Кога би ги набројувале радостите така како што заслужуваат, секој би увидел дека има доволно среќа во животот“.
„Ако си успешен во нешто, или ќе те копираат, или ќе ти завидуваат или ќе те мразат“.
„Никој не се вратил да живее во минатото. Затоа не мисли на минатото, гледај само на иднината“.
„Преземањето нов чекор или изговарањето на новите зборови, понекогаш е она што најмногу ги плаши луѓето“.
„Ако си тргнал кон некоја цел и по пат застануваш да фрлаш камења на секој пес што те лае, никогаш нема да стигнеш до целта“.
„Ако сакаш да те почитуваат прво мораш да се почитуваш себеси, само така ќе направиш другите да те почитуваат“.
„Тој што сака да биде корисен може да направи многу добрини дури и со врзани раце“.