10 НАЧИНИ КАКО МАЖОТ МОЖЕ ДА ВИ КАЖЕ „ТЕ САКАМ“ БЕЗ ЗБОРОВИ

Љубовта може да се изрази на многу начини, и не сите вклучуваат во неа „те сакам“. Добро е да се слушнат овие зборови од време на време, но уште подобро е да ги видите и почувствувате овие мали гестови на љубов, што значат многу и „зборуваат“ уште поизразено.

Како мажите ја изразуваат својата љубов без да кажат „Те сакам“?

  • Неговите бакнежи се долги и страствени. Кој маж би ве бакнал како да не сака да ве испушти од рацете ако навистина не ве сака?
  • Неговите пријатели ве сакаат. Кога ќе успеете да влезете под кожата на мажот и тој длабоко се заљуби во вас, неговите пријатели исто така ве прифаќаат. И, ако ова се случи пред да се заљуби во вас, тој сигурно ќе го согледа позитивното влијание на неговите пријатели кои ве сакаат.
  • Тој сака да се доближува до вас. Ако е очигледно дека мажот прави сѐ што е можно за да ве запознае подобро, да навлезе во вашиот духовен свет и да разбере сè за вас, тој индиректно ви кажува „Те сакам“. Силниот интерес што мажите најчесто го покажуваат е диктиран од длабоки чувства, не само од сексуален интерес.
  • Тој се насмевнува откако ќе ве бакне. Силен доказ дека ве сака и нема потреба да зборува ништо.
  • Внимателно ве слуша. Маж кој ја сака својата партнерка е заинтересиран за неа во секоја можна смисла. Ако внимателно ве слуша, со своето однесување вели „Те сакам“.
  • Тој ве држи за рака. Вљубените мажи го прават тоа. Рамнодушните – не.
  • Тој ви се јавува или ви пишува без причина. Тоа значи дека тој постојано размислува за вас.
  • Тој сака да поминува време со вас. Само човек кој ве сака и кој се чувствува силно привлечен кон вас, ќе ги занемари неговите лични интереси да биде во ваше друштво.
  • Тој често воспоставува контакт со очите со вас. Вашиот партнер ви кажува дека ве сака на овој начин, барајќи го вашиот поглед, сакајќи да ве погледне, да ве контактира. Ова е многу добар знак за вас.
  • Поминува со прстите низ косата. Гест на нежност што зборува сам за себе.