10 ПРАШАЊА КОИ ТРЕБА ДА СИ ГИ ПОСТАВИТЕ ДЕНЕС – ПРОМЕНЕТЕ ГО ЖИВОТОТ НА ПОДОБРО

За почеток, започнете со поставување на вистинските прашања за себе. Зошто прашањата се важни? Затоа што тие можат да доведат до разбирање за тоа што е проблемот, потоа да го решите, да добиете нови идеи, а исто така можат да ве мотивираат да започнете и да преземете акција за она што го сакате, да го оставите настрана она што ве исцрпува и да се свртите кон она што ве мотивира. За таа цел, треба да си поставувате прашања кои ќе ви помогнат да ги препознаете вашите цели , да ги дефинирате и да најдете начин да ги постигнете. Ова значи дека ако сакате да го промените вашиот живот на подобро, треба да си поставите охрабрувачки прашања .

Еве листа од 10 прашања што треба да си ги поставите:

  1. Кои се моите најголеми вредности?
  2. На што сум најмногу горд?
  3. Што сум подготвен да направам за да ги постигнам моите цели?
  4. Што би имало најпозитивно влијание врз мојот живот?
  5. Која е најмалата акција што можам да ја преземам во моментот што ќе ме приближи до постигнување на мојата цел?
  6. Што ме спречува да ги постигнам моите цели?
  7. Што избегнувам да правам од страв?
  8. Што не сум подготвен да толерирам во мојот живот?
  9. Каде сакам да бидам за една година / 5 години / 10 години од сега?
  10. Дали живеам врз основа на лекциите што ги научив досега?