Ако сте биле во неуспешна врска каде што сте се чувствувале потценети, недоволно сакани и почитувани, веројатно ќе ви биде тешко да поверувате дека му значите сè на вашиот сегашен партнер. Во однесувањето на мажот има некои знаци кои издаваат дека вие сте целиот негов свет и дека ве сака со целото свое срце. Неговите гестови, работите што тој ги прави за вас се многу повеќе раскажливи од зборовите. Од нив ќе знаете како тој навистина се чувствува за вас.
Еве ги малите знаци кои покажуват дека му значите се.
- Не поминува ден а да не ве потсети на некој начин колку ве сака. Ќе ви каже, ќе ви пишува, ќе ве потсети на нешто што не смеете да го заборавите, ќе ви зготви вечера – сето тоа се гестови кои покажуваат дека тој постојано мисли на вас.
- Ќе направи сѐ што е во негова моќ за да ја добие вашата доверба. Ако вашиот партнер навистина ве сака и вие сте му сѐ, ќе му треба да му верувате, да се чувствувате удобно во односот со него.
- Ви дава храброст кога ви е потребна. Ве поддржува, секогаш е покрај вас во тешките моменти. Тој не ве гледа со прекор кога сте слаби и не знаете како да се справите. Тој ви ја дава раката што ви е потребна во такви моменти.
- Тој е вашата мотивација. Кога ќе ја изгубите вербата во она што го правите, тој ве поддржува. Тоа ве мотивира и ве турка да одите напред, да се развивате.
- Секогаш изгледате убаво во неговите очи. Кога ќе ви каже, не го прави тоа од добрина или ве лаже. Во неговите очи гледате искреност. Ве гледа со обожавање.
- Вие сте најубави за него, дури и кога воопшто не изгледате добро и го знаете тоа.
- Неговите постапки се многу пооткриени од зборовите.
- Сака да прави мали нешта за вас. Прави мали изненадувања, мали гестови, но тие ви оставаат голем впечаток.
- Со него се чувствувате исклучително сигурно и заштитено. Вашето шесто сетило ви кажува дека тој е подготвен на сѐ за да ве заштити.
- Немате чувство дека тој ќе ве повреди. Не верувате дека е способен за тоа.