Ако барате сериозна и исполнета врска, важно е да не дозволите да ве прават будала.
Кои се знаците дека вашиот партнер ве прави будала?
- Не ви се јавува кога ви кажал дека ќе ви се јави.
- Постојано доцни на вашите состаноци и не ви дава до знаење дека ќе се случи тоа.
- Воопшто не се појавува на вашите состаноци. Тој ви пишува некој глуп изговор.
- Постојат правила кои не сака да ги прекрши. Бара од вас да се придржувате до неговите правила.
- Тој знае многу повеќе за вас отколку вие за него.
- Нему не му е грижа како ви поминал денот. Кога ќе се видите, главната работа за која зборувате е неговиот ден.
- Не кажува никому за вас. Кога случајно ќе ги запознаете неговите пријатели, чувствувате дека тие не знаат ништо за вас.
- Не ве кани кај семејството и пријателите.
- Тој не ги поминува празниците со вас.
- Има многу пријателки, кои не сака да знаат за вас.
- Не ви кажува што прави, кога ќе биде дома, каде бил и со кого.
- Со вас не зборува за своите идни планови. Секогаш ги задржува темите на површина.
- Тој не се плаши да ви покаже дека има свој живот во кој вие не сте вклучени.
- Имате чувство дека треба да се промените за да одговарате на неговите барања.