15 ЗНАЦИ КОИ ПОКАЖУВААТ ДЕКА ТОЈ Е ЏЕНТЛМЕН

Не постои жена која не сака мажот до неа да биде џентлмен. Уште на почетокот на врската е очигледно дали мажот е таков, дали игра улога да не импресионира. Можеме лесно да залутаме, особено ако сме длабоко воодушевени. Затоа, откако ќе помине розовиот период, важно е да внимавате на некои јасни знаци кои ќе потврдат дали сте во врска со џентлмен. Проверете 15 од нив.

  1. Тој не чека да поминат неколку дена од вашиот последен состанок за да ве побара.
  2. Ако сака повторно да ја види жената за која е заинтересиран, ќе и го покаже тоа.
  3. Отворањето врати, помагањето со капутот да се облече или слече се мал дел од неговото однесување. Господинот се труди да и направи удобност на жената, дури и кога се шетаат во паркот, планините. Ќе обезбеди пијалоци, храна, за ништо да не ѝ недостига.
  4. Нема да биде заинтересиран само да има секс, а потоа да исчезне без да остави трага зад себе.
  1. Господинот ги цени напорите на својата партнерка кога таа му покажува внимание и грижа.
  2. Не го троши времето со интриги и озборувања, гласини кои би можеле да наштетат некому. Секогаш се труди да остане дискретен.
  3. Има добар однос кон сите, без разлика на нивниот социјален статус.
  4. Ќе покаже самодоверба но не и ароганција во однесувањето кон жената или кон другите.
  5. Знае да комуницира, особено во стресни ситуации. Тој не бара да победи во расправија по секоја цена.
  6. Господинот не би пролеал солзи од тага, тие попрво би биле од радост.
  7. Ако сте во врска со џентлмен, тоа ќе се покаже во неговата лојалност, отвореност и неговата неспособност да ве лаже.
  8. Одржува збор и ако случајно не може да го одржи она што ви го ветил поради некоја причина, ќе најде начин да ви го надомести тоа.
  9. Тој не би ве осудувал кога не сте во право, туку би го пронашол вистинскиот пристап кој ќе ви покаже дека не сте во право без да ве понижи.
  10. Нема да инсистира да ја плати сметката, туку ќе ви даде јасен знак дека тоа е негова обврска.
  11. Не им завидува на вашите успеси, туку ве мотивира да се развивате.