Не постои човек кој не ја бара среќата. Сепак, погрешно е да се бара. Во голема мера, ние самите ја создаваме нашата среќа. Со изборите што ги правиме, со нашите постапки, со нашиот став кон животот. Среќата е достижна и лежи и во големите и во малите нешта. Иако го знаеме ова, понекогаш ни требаат мали потсетници.
Споделуваме 20 лесни чекори до среќен живот што може да го направи секој.
- Бидете физички активни најмалку 30 минути секој ден.
- Обидете се да добивате 10 минути тишина секој ден.
- Живејте со трите Е – енергија, ентузијазам и емпатија.
- Прочитајте повеќе книги.
- Поминувајте време со луѓе постари од 70 и помлади од 6 години.
- Не трошете ја енергијата на озборувања.
- Заборавете на проблемите од минатото.
- Постојат работи кои повеќе не можете да ги контролирате, затоа спасете се од негативните мисли.
- Појадувајте како крал, ручајте како принц и вечерајте како сиромашен.
- Насмевнете се и смејте се повеќе.
- Животот е премногу краток за да губите време мразејќи некого.
- Не мора да победувате во секоја расправија, дури и ако сте во право. Не трошете ги вашите позитивни вибрации.
- Не го споредувајте вашиот живот со животот на луѓето чии животи изгледаат убаво и сјајно. Внатрешноста е секогаш различна од она што го гледаме.
- Никој не е одговорен за вашата среќа освен вие, запомнете го тоа.
- Тоа што другите мислат за вас не е ваша работа.
- Ослободете се од се што не ви е корисно.
- Уживајте во животот во секој момент, секој ден и пробувајте нови работи.
- Научете да поставувате лични граници, дури и со најблиските.
- Сакајте и грижете се добро за себе.
- Внимавајте со какви луѓе се опкружувате, бидејќи некои ви ја крадат позитивната енергија.