Љубовта е во малите нешта. Секој мал женски гест остава впечаток кај мажите. Многу често токму тие мали нешта, кои можеби и не ги забележувате и ги правите несвесно, имаат многу поголемо влијание врз машката љубов и наклонетост, врз машкото привлекување.
Кои се 20-те мали нешта што мажите ги обожаваат кај жените?
- Да лежите на неговите гради.
- Да побарате помош за нешто ситно.
- Да го направите првиот чекор.
- Да му пишете прва.
- Да му кажете дека го почитувате или дека му се восхитувате.
- Да му споделите како навистина се чувствувате, но да бидете максимално искрени.
- Лесно да му ја гризнете усната додека го бакнувате.
- Да си играте со неговата коса додека тој вози или додека гледате филм.
- Да се фалите со него на социјалните мрежи.
- Да ги носите неговите алишта дома, додека сте само двајцата.
- Да го слушате навистина.
- Да воспоставувате очен контакт додека зборувате.
- Да му пратите порака додека сте излезени со вашите другарки.
- Да покажувате дека сте посветени на него и на вашата врска.
- Да го изненадите со неговите омилени слатки или грицки.
- Да го зближувате со вашите пријатели. Да го пуштате во вашиот личен круг и свет.
- Да му кажувате работи со кои ја потврдувате врската во вистинскиот момент и на вистинското место.
- Да ги планирате вашите средби, а не секогаш да чекате тој да ја презема иницијативата.
- Да се сеќавате што сака или што не сака. Тоа покажува дека внимавате на него.
- Да му напомнувате колку многу го сакате во вистинскиот момент.
Сите овие мали нешта значат многу повеќе за мажите отколку што веројатно претпоставувате. Секој мал гест, секој изговорен збор, секое споделено доживување ја прави врската уште посилна и постабилна. Понекогаш не е потребно премногу да се трудите сè да биде совршено. Доволно е да бидете искрени, природни во односите и да бидете тоа што навистина сте – вистинска кревка, нежна, но во исто време и силна жена.