Божиќ е еден од најочекуваните и најсаканите празници од страна на децата и возрасните. Оваа година дефинитивно ќе ја славиме поинаку заради пандемијата КОВИД-19 – без големи собири, без бучни забави … Но, коронавирусот и сите тешкотии низ кои поминавме нè натера да сфатиме кои се најважните работи во животот и како да почесто да им ја покажуваме нашата љубов на своите најблиски. Затоа – дали ќе ги сретнете, ќе се слушнете на телефон, ќе се гледате преку Интернет или ќе им испратите порака, еве 25 големи желби за Божиќ.
Божиќниот дух нека донесе многу топлина, разбирање и љубов во вашиот дом.
Овој Божиќ нека означи почеток на една година во која здравјето, среќата и радоста се ваши постојани придружници.
Среќен Божиќ! Снег во косата, топлина во душите, многу лица насмеани и срца исполнети со љубов!
Нека е благословено вашето семејство во пресрет на светиот празник! Искрено ви посакувам многу споделена среќа и прекрасни заеднички моменти!
Чудата се случуваат на Божиќ, затоа ви посакувам сите ваши соништа да се остварат следната година.
Среќен Божиќ! Нека имате мир, здравје и љубов во иднина.
Нека Божиќ остави пријатни емоции на крајот на изминатата година и отворете место за нови и прекрасни искуства за следната година!
Среќен Божиќ! Бидете љубезни, добри и не престанувајте да верувате дека најдоброто допрва доаѓа.
Нека овој Божиќ биде најубавиот за вас и нека се случи сè за што сонувате.
Божиќ нека донесе здравје и благосостојба за вас и вашето семејство. Нека ти се случуваат само добри работи.
Доаѓаат најдобрите моменти од сега па натаму! Среќен Божиќ!
Среќен Божиќ! Нека вашите денови бидат исполнети со здравје и значење, со остварување на соништата, љубов и заедничка удобност! Сакајте и бидете сакани!
Ви посакувам магичен Божиќ, исполнет со многу пријатни емоции и незаборавни искуства!
На тивка Божиќна вечер, ви посакувам едно – успех во сè!
Нека вашето семејство и роднини бидат благословени во пресрет на светиот празник! Искрено ви посакувам многу споделена среќа и прекрасни заеднички моменти!
Среќен Божиќ! Нека си здрав, среќен, насмеан и благословен од Господ!
Среќен Божиќ! Нека здравјето и среќата никогаш не го напуштаат овој дом.
Сонувајте, бидејќи на Божиќ сите соништа се остваруваат и побарајте го вашето Божиќно чудо, бидејќи тоа не е мит – на Божиќ се случуваат чуда.
Кога најдобрите празници ќе ви тропнат на врата, отворете ја широко и оставете ги да влезат, а со нив и моите најубави желби.
На оваа Божиќна ноќ, исполнета со многу светлина, ви посакувам многу љубезност, здравје, за да можете да го цените животот и заедничката љубов, за да бидете вистински среќни!
Нека магичниот Божиќ гори во срцето засекогаш, нека има секогаш добро во душата и нека свети сè посветло секоја година!
Ви посакувам со магијата на Бадник да го претворите секој ден од новата година во бајка!
Волшебниот Божиќ нека гори засекогаш во срцето, секогаш имајте добро во душата и светете сѐ повеќе од година во година!
Ако не го добиете посакуваниот подарок за Божиќ – погледнете наоколу. Можеби веќе го имате – луѓето околу вас! Среќен Божиќ!
Чуда се случуваат на Божиќ, замислете желба и таа ќе се оствари. Јас веќе посакав нешто: Љубовта и среќата секогаш да бидат со вас!