Хороскопот открива кои 3 знаци ги очекуваат предизвици во октомври:
Рак
Имате безброј квалитети, зрачите со посебна енергија, но можно е да се чувствувате малку осамено во текот на првиот есенски месец. Ќе се чувствувате како да не се вклопувате во општество, дека сте „чудни“, но не дозволувајте ова да ве измами – не менувајте се за другите. Не губете ги вашите скапоцени и единствени квалитети и таленти затоа што се плашите од мислењата и неодобрувањето на другите. Бидете свои – ретките секогаш го наоѓаат реткото!
Девица
Имавте прилично добар месец, кој ќе ве остави со целосно нереални очекувања за октомври. Ќе замислите совршен, уште поуспешен месец, но преголемото очекување може да доведе до разочарување. Не бидете толку тешки кон себе и останете реални. Поставете јасни цели и следете го тој пат, фокусирајте се на сегашниот момент, а не на доаѓањето на нешто големо во иднината.
Јарец
Можно е да не се чувствувате најдобро во вашата сегашна врска. Вие сте љубезни, лојални и подготвени напорно да работите за врската, но ако другата страна се откаже и не покаже интерес, прашање е дали вреди да ги потрошите вашето време и енергија. Не дозволувајте токсичните луѓе да ја искористат вашата добрина . Поминете време со оние кои се искрени, добри и вистински ве сакаат.