Мислиме дека сексот не се учи – ние сме родени со инстинкти да го правиме тоа. Ова е така ако живееме во минатото и единствена мисија ни е да го продолжиме семејството. Сега сексот е пред сѐ задоволство што не го правиме од обврска. Или барем не би требало.
А, за да бидеме на врвот на екстазата, мораме пред сè да се изучуваме себеси. Ние ќе ви дадеме три совети кои ќе ви помогнат да се чувствувате што е можно подобро во кревет и дека секој интимен момент ќе биде врвно искуство за вас и вашиот партнер.
КВАЛИТЕТОТ ДОАЃА СО ИСКУСТВОТО
Сексот станува подобар со вежбање, што е невозможно да се замени со приказната од пријателката или дури и порно филмот. Внимавајте на вашиот партнер – сексуалната компетентност доаѓа со детална свесност.
СЛУШАЈТЕ ГО ВАШИОТ ПАРТНЕР
Ако навистина сакате да бидете подобри во сексот, треба да научите едноставна навика – да го слушате вашиот партнер. Интимните врски, како и сите други, се сведуваат на комуникација и важно е да споделите сè за вас. Не потпирајте се на знаците и навестувањата што можат да се согледаат двосмислено. Вашиот партнер не мора да знае што мислите додека користите кодови и гестови.
Бидете поконкретни. Ако ви се допаѓа она што се случува, кажете го тоа, и ако не ви се допаѓа, објаснете, но со мек тон, без критика и потсмев. И, иако е најважно да зборувате за тоа што ви дава задоволство, следете разумна низа и обелоденете ги информациите. Ако не достигнете оргазам првата вечер, не е соодветно да го кажете тоа веднаш. Започнете со нешто помало за да изградите доверба.
ПРОУЧУВАЈТЕ СЕ
Според студијата објавена минатата година во American Sociological Review, нивото на задоволство од сексот и бројот на оргазми достигнати од жените се зголемува со секој следен состанок. Авторот на студијата, социологот Елизабет Армастронг од Универзитетот во Мичиген, истакна дека „проучувањето партнер игра улога дури и во врска што трае кратко“. Повеќето испитаници го потенцирале чувството на непријатност за време на првиот секс и важноста од запознавање на своите тела.