3 ЖИВОТНИ ЦИТАТИ НА ЕНТОНИ ХОПКИНС

  1. „Вистинскиот успех не се изразува во титули и награди, не во пари и слава, туку во правење само она во што лежи душата“.

Колку уживате во вашата работа? Дали вложувате страст и енергија во она што го правите затоа што ви е важно или исклучиво за парите. Голем дел од животот поминуваме на работа, ако тоа не ве исполнува, време е за промена. И запомнете – никогаш не е доцна за промена.

  1. „Не трошете време објаснувајќи. Луѓето сепак ќе го слушнат она што сакаат да го слушнат“.

Можно е да бидете погрешно разбрани во многу врски, околината да ви наметне одредени ограничувања , но и понекогаш да се обидувате да им објасните на другите зошто го правите тоа што го правите. Ќе сфатите дека во некои ситуации тоа е само губење на енергија .

  1. “Не трошете го животот барајќи ја вистината. Сè што ќе откриете е дека нема вистина. Живејте и уживајте во животот без да ја преиспитувате”.

Луѓето имаат многу прашања. И ги удираат главите во ѕид за да добијат одговори. Но, сè што треба да направите е да чекате трпеливо. Не обвинувајте никого. И не барајте ништо од никого. Посветете се на вашата цел и мисија , вие имате избор да одлучите како ќе живеете.