Нашите љубовни односи се динамични. Понекогаш можеме да влеземе во долг период на запознавање, флертување што не води до ништо сериозно како обврска, ако тоа е она што го бараме, се разбира. Важно е самите да разјасниме какви очекувања има мажот што го гледаме. Дали бара лежерни врски или е подготвен да создаде нешто повеќе од тоа.
Знаците на едното или другото се скоро секогаш присутни во првите недели и месеци. Вообичаено, мажите кои би сакале да бидат во долга врска со жена, ќе се однесуваат јасно, смело и отворено за да и покажат дека не се гледаат со никоја друга.
Кои се трите најочигледни знаци дека тој има посериозни намери за вас?
- Ги исполнува своите ветувања.
Ова е многу важен показател за мажот со кој имате љубовна врска. Одржувањето на зборот дали и кога ќе ви се јави, дали ќе се видите и како ќе поминете заедно и слично е знак дека тој има посериозни намери за вас. Ако се „плаши“ од посветеност или само бара кратки средби со вас, дефинитивно нема да вложи никаков напор да биде коректен. Само оној кој ве цени и мисли дека вредите си стои на своите ветувања.
Во такви ситуации, експертите за врски советуваат жената да му постави јасно прашање на мажот со кој излегува дали има намера за долга врска. Се разбира, ова не е барање брак, туку креирање јасни и прецизни правила кога сакаме да имаме повеќе од сексуална врска со некого.
- Одвојува време за вас.
Живееме динамично, имаме многу обврски, хобија. Понекогаш си велиме дека немаме време за ова или она. Но, мажот кој се грижи за вас ќе најде време да бидете заедно. Вие станувате приоритет за него бидејќи вашата врска е вредна. Од друга страна, ако забележите дека почесто избира други луѓе и активности пред вас, дефинитивно не се плаши дека може да ве изгуби.
- Тој има план.
Таков за животот воопшто, има цели што ги следи, но и вие влегувате во неговите планови. И тоа ќе го знаете по разговорите и по тоа дали тоа што го кажал како визија за вас двајца се совпаѓа со неговите постапки. Човек со план е подготвен да преземе одговорност за својот живот, за својата врска. Тој е подготвен да сподели со вас, посветен е на вашата врска и ќе го бара истото за возврат.