Астролозите наведуваат дека постојат три хороскопски знаци во кои се раѓаат најубавите жени, кои непогрешливо го поседуваат „тоа нешто“.
Риби – најубавиот знак
Жените родени во знакот Риби се сметаат за најубав знак поради нивната креативност и сочувство кон другите. Кога станува збор за физичкиот изглед, на Рибите им завидуваат многумина поради нивните совршено обликувани стапала и прсти.
Исто така, еден од нивните најсилни адути се убавите и топли очи.
Девица – најшармантниот знак
Зборовите и смислата за хумор се дефинитивно најсилното оружје на Девицата, а нивната супермоќ е да ве шармираат во само неколку реченици.
Жените родени во овој хороскопски знак најчесто имаат извајано и витко тело, а особено се истакнуваат тесниот струк и нагласените колкови. Ако ви „фати око“ на плажа, големи се шансите таа да е Девица.
Лав – Најинтересниот знак
Лавот владее со срцето. Нивните чувства се обично искрени, кога сакаат, сакаат. Жените родени во знакот Лав обично ги краси бујна коса, па не е чудно што мажите токму тоа прво го забележуваат кај нив.
Поради ова имаат високо ниво на самодоверба и едноставно знаат да уживаат во љубовта.


