4 НАЧИНИ ДА СТАНЕТЕ ПОСЕКСИ- ПРИВЛЕЧНОСТА Е ВО ВАС, АКТИВИРАЈТЕ ЈА!

Зошто некои жени се посекси од другите? Тајната не е во физичкиот изглед , туку во внатрешната состојба на личноста. Дали знаевте дека со едноставни промени и ритуали можете да направите да се чувствувате секси во секој дел од денот. Еве неколку совети кои позитивно ќе влијаат на вашата самодоверба и ќе ви помогнат да се чувствувате попривлечно:

  1. Утрински танц

Без разлика какви се вашите танцувачки вештини, танцувањето е одлично за здравје, енергија, психа и добро чувство. Вклучете добра музика или вашата омилена песна и танцувајте. Не мора да танцувате сами, можете да го поканите партнерот, пријателите, децата… Докажано е дека танцот помага во намалување на депресијата, анксиозноста и стресот, ја зголемува самодовербата, хидратацијата на телото и ја подобрува општата благосостојба.

  1. Бидете спонтани

Многу е лесно да се нурнете во рутината на секојдневниот живот. Будење, појадок, одење на работа, враќање дома, проверка на е-пошта, вечера, ставање на децата во кревет. Кога жената ќе се заглави во таква страшна рутина, може да и биде тешко да се чувствува секси. Обидете се да бидете спонтани, понекогаш да ја прекинете рутината и да направите нешто ново и непредвидено. Наместо да брзате дома после работа, одете во кино или излезете надвор, на пример. Воведете нова навика, разбијте ја монотонијата и ќе се чувствувате подобро и попривлечно.

  1. Вежбајте самољубие

Треба да размислите за себе и за вашите потреби, особено кога станува збор за еден од оние непријатни денови кога жената се чувствува преоптоварена. Неопходно е да практикувате прифаќање и љубов кон себе – токму такви какви што сте. Се разбира, ова е цел процес и не е лесен и не се случува преку ноќ. Но, колку повеќе работите и здрав и добар однос кон себе, толку повеќе ќе ја развивате сексуалноста.

  1. Не се преправајте дека сте некој друг – бидете свои!

Не го имитирајте стилот на облекување, комуникацијата и постапките на другите луѓе. Сè што вештачки присвојувате од другите и нема никаква врска со вашата вистинска природа, носи само негативни резултати. Ќе се чувствувате најпривлечно и најсекси кога сте целосно сами и кога се чувствувате добро во својата кожа. Развијте ја вашата вистинска природа, стил, комуникација. Најатрактивни сте кога зрачите со својата автентичност.