4 ПРАШАЊА КОИ ТРЕБА ДА ГИ ПОСТАВИТЕ ПРЕД ДА ПРОСТИТЕ НЕВЕРСТВО

  1. Дали било само еднаш?
    Временскиот период е многу важен, иако можеби би рекле дека неверство си е неверство и секако подеднакво боли. Не е лесно да се преболи дури и ако се случило само еднаш, но долготрајните афери значат изневерување и на физички и на емоционален план. Ова второво ги прави работите многу посериозни и потешки.
  2. Дали прељубникот признал?
    Многу е важно дали тој што изневерил сам му кажал на партнерот или вие сте дознале на друг начин, преку трети лица или чепкајќи по неговиот мобилен. Чувството на предавство е многу полошо доколку се работи за вториот начин.
  3. Ќе ви даде ли простор и време за да простите?
    После ваква случка, најдобро е да се остави малку време за да слегнат работите и за да можете двајцата да размислите за постапките и ефектите кои тие ги имаат врз чувствата. Оној што го извршил неверството треба да биде трпелив и подготвен да помине низ природниот процес на надминување на таквата случка, а не да брза и да сака да го прескокне тој дел за да се вратат работите што побрзо во нормала. На тој начин и прељубникот самиот ќе има време да размисли за причините кои довеле до самата потреба за неверство.
  4. Дали ќе можете да заборавите?
    Опростувањето е полесниот дел. Заборавањето од друга страна… Да се заборави е тешко дури и ако сторителот на неверството се кае и ветува дека никогаш повеќе нема да го стори тоа. Но, едно е сигурно, ќе има многу моменти кога и тоа како ќе се сомневате во верноста на партнерот. Ова дури може да ве доведе до параноја. Па дали сте спремни да тргнете по тој пат?