4 ВАЖНИ ВИСТИНИ КОИ МОЖАТ ДА ВИ ПОМОГНАТ ДА ГИ ПРЕБРОДИТЕ ТЕШКИТЕ ВРЕМИЊА

  1. Болката е дел од животот и можеме да ја надминеме – Се плашиме од себе, сопствената вистина и чувствата. Зборуваме дека сакаме искреност, но се криеме зад маски секој ден, момент во момент. Се криеме од емоциите и воопшто не покажуваме кои сме навистина. Научени сме дека болката е лошо чувство, дека ранливоста им припаѓа на слабите луѓе. Меѓутоа, како можеме да се соочиме со реалниот живот и вистинската љубов ако се плашиме да го почувствуваме она што навистина го чувствуваме?
  2. Ако тргнете на пат со позитивен начин на размислување, битката е половина добиена – Во ред е да имате тешки денови и времиња. Сведоци сме дека животот не е цело време прекрасен. Сепак, во тешките моменти треба да се помирите со реалноста, да го прифатите она што ви се случува и да сфатите дека наспроти тешкотиите можете да пораснете. Животот не е совршен, но сигурно може да биде убав. Нашата цел не треба да биде да создадеме совршен живот, туку да живееме несовршен живот со многу посебни моменти. Можете да го направите тоа со менување на мислите – ослободете се од оние кои се негативни и ве саботираат и усвоете ги оние што се важни и добри.
  3. Вашите најголеми стравови дури и не постојат во реалноста – Кога времињата се тешки, може да биде тешко да го следите своето срце и да чекорите напред, но не треба да дозволите стравот да ве блокира. Иако стравот може да не совлада во некои ситуации, тој не е посилен од вас. Стравот е длабок затоа што вашиот ум го дозволува тоа. Можете да ја преземете контролата, можете да го направите тоа – клучот е да го признаете она што го чувствувате и да го прифатите. Борете се да ги надминете вашите стравови и признајте дека повеќето од вашите негативни претчувства всушност никогаш не се случиле.
  4. Сегашноста е сè за што треба да се грижите – Животот не се живее во некоја далечна, имагинарна земја каде што се е совршено. Човекот живее овде и сега, со реалноста , во овој момент. Одлично е што се обидувате да создадете подобар живот утре, но за да го направите тоа треба да обрнете внимание на моментот во кој живеете сега.