Што е тоа секси? Ако треба да ги следиме стереотипите, тогаш тоа се убавото лице и пропорционалното и затегнато тело. Но, дали може да биде нешто друго? Тешко е да се објасни што всушност се смета за секси кај спротивниот пол. Можеби жената изгледа секси, но таа не е. Честопати слушаме како некои од нашите пријатели велат дека запознале неверојатна девојка со прекрасен изглед, многу секси, но во моментот кога таа почнала да зборува, сѐ испарило. Добриот изглед не мора да значи дека дамата е секси и зрачи со тоа. Според мажите, постојат многу многу посекси работи кои не влијаат од изгледот на било кој начин.
1. Погледот
Погледот на жена која знае што прави со очите, секогаш може да го добие она што го сака.
Бојата на очите не е важна за мажите, туку самиот изглед … Паметниот човек прво ќе ги погледне очите, а потоа телото, бидејќи тие се прозорци кон внатрешната убавина.
2. Однесувањето
Однесувањето може да биде многу секси. Мажите сакаат жени кои се силни, не се двоумат да го кажат своето мислење и не се плашат да им противречат на другите. Исто така е важно жената да покаже страст. А сепак, ова е составен дел од шармот на секоја жена.
3. Смислата за хумор
Ако жената има смисла за хумор, тогаш во очите на мажите таа не може да не биде секси. Сепак, согласете се дека да се насмее човек денес не е воопшто лесно.
4. Самодоверба
Како жената оди и се однесува пред другите е крајно индикативно за тоа што навистина е и како се оценува себеси. Да се оди самоуверено – нема ништо посекси од тоа за мажите! Кога се облекувате соодветно, ќе заработите уште повеќе поени, бидејќи на тој начин станувате посамоуверени.
5. Интелигенција
Не, девојки, спротивно на многу мислења, силниот маж не се чувствува загрозен ако жената до него е паметна. Денес има премногу девојки кои изгледаат добро, но не се паметни и не можете да водите нормален разговор со нив. Тогаш што да прави било кој со неа?
Сексипилот е тешко да се опише. Тој е во односот, во насмевката, во ставот, во смеата, во говорот на телото, во самодовербата, во умот. Само треба да погледнете и ќе разберете дека е така!


