5 ЕДНОСТАВНИ НАЧИНИ ДА СЕ ЧУВСТВУВАТЕ СРЕЌНИ ТОКМУ СЕГА

Понекогаш среќата лежи во малите нешта, само треба широко да ги отвориме очите и да погледнеме наоколу.

Еве 5 начини да се чувствувате среќни:

  1. Најдете ја вашата мантра или кратка позитивна потврда и повторувајте си ја секогаш кога ќе се чувствувате тажни. Можете исто така да медитирате. Со вежбање ќе постигнувате подобри и подобри резултати. Само продолжете да си го повторувате и фокусирајте се на вашето дишење – бавно и длабоко.
  2. Не плашете се да побарате помош ако се соочувате со предизвик, бидејќи не треба сами да се борите со него . Верувајте му на методот на д-р Бернштајн за „пронаоѓање сродна душа“ кој ќе ви даде храброст додека ги поднесувате загубите и разочарувањата, но и ќе се радувате со вас додека ги славите вашите успеси. Нема ништо подобро од заедничка среќа, но и заедничка тага.
  3. Најдете време за себе, дури и ако сте многу зафатени.Без разлика дали ќе се почестите себеси 15 минути во смирувачка купка пред спиење или ќе прочитате добра книга наутро, важно е тоа да биде нешто само за вас.
  4. Отворете ги вашите срца за љубов или пријателство . Поминуваме месеци и години градејќи бетонски ѕидови против нашиот страв да не бидеме повредени, излажани, напуштени. Најдете време да ги зацврстите односите со луѓето, особено со партнерот.
  5. Бидете поскромни и престанете да се обидувате да го контролирате вашиот живот , бидејќи тоа не само што е неефикасно, туку и штетно. Фокусирајте се на она што можете да го промените и заборавете на она што не можете. Судбината си ја знае работата.