5 ЕФЕКТИВНИ МЕТОДИ ЗА „СКРОТУВАЊЕ“ НА ЉУБОМОРЕН МАЖ

Љубомората отсекогаш била присутна во некои врски, но важно е да може реално да се гледа на ситуацијата – морбидната љубомора, опсесијата не води до ништо добро. Ако сте љубоморни на партнерот без причина и ќе го ограничувате на еден или друг начин, наскоро тоа ќе ја уништи вашата врска, а во некои случаи овие токсични врски влијаат и на вашата психа доста негативно. И иако е доста тешко да се контролира или излечи таквата состојба, денес за вас подготвивме 5 начини како да се справите со болната љубомора на вашиот маж. Погледнете ги во следните редови.

Ставете го во непријатна ситуација
Кога мажот ќе биде „разобличен“ ќе сфати колку му било смешно однесувањето, ќе се засрами и голема е веројатноста дека повеќе нема да се однесува така. Поставете му стапица – закажете состанок со близок пријател, вашата мајка или уште подобро – неговата мајка. Но, не му кажувајте ги вашите планови, држете се настрана и како нешто да криете. А кога ќе помисли дека те „фатил на прагот“ ќе сфати колку му била смешна љубомората.

Најпрво – разговарајте со него
Проблемите во врската не можат да се избришат ако не зборувате отворено за нив. Обидете се да му објасните како се чувствувате без директно да го нападнете и да го навредувате неговото однесување. Изразете ги своите грижи еден на друг и обидете се да најдете компромис. Потребни се и двајцата за да ги решат проблемите во врската.

Помогнете му
Ако знаете дека вашиот маж е генерално пољубоморен и има проблеми со довербата, не ја комплицирајте ситуацијата со постојано навестување или сомнително однесување. Покажете му дека се грижите за него и може да ви верува – не го кријте телефонот и разговорите, споделувајте важни работи со него, излегувањата со другарките итн. Има многу опции, а сето тоа бара време и трпение.

Покажете му дека го сакате
За љубоморна личност важно е да биде сигурен во чувствата на партнерот за да биде малку посмирен. Затоа, не заборавајте да му ја покажете и кажете вашата љубов кон него, почитувајте се и не е лошо одвреме-навреме да му давате некој комплимент.

Однесувајте се како него
Во случај ниту една од другите опции да не успее – почнете да се однесувате како него. Сигурни сме дека ниту еден маж нема долго да ги издржи овие драми и сцени на љубомора кои можете да ги создадете од ништо.