Многу односи и флертување започнуваат „со погрешна нога”, или со други зборови, со лага. И од кога ќе се свртите, веќе сте лудо заљубени во пилот кој има долги летови пред него. Но, тогаш сфаќате дека вашиот маж е всушност невработен и живее со неговата мајка. Па, дали има лаги што е во ред да се кажат на првиот состанок? Излегува дека да, има. Еве неколку прифатливи лаги на кои можете да си дозволите да ги „затворите очите“.
„Ти беше првата личност што ја забележав на оваа забава“
Ова веројатно не е точно, но нема проблем. Зошто? Затоа што е добро некому да му се ласка за да се чувствува добро. И на крајот на краиштата, не е баш романтично да се каже, „прво јас ја забележав другарка ти Лиде, која е супер секси, но исто така и ти си многу симпатична.”
„Го сакам моето семејство, работата и животот ми се добри“
Можеби мајка му го притиска за одредени работи, неговите колеги не се „цвеќе за мирисање“ и ќе се разбуди барем еднаш неделно во лошо расположение. Но првиот состанок не е време да се раскаже сето ова. Никој не сака да го сожалуваат луѓето, и ако го направи тоа на првиот состанок замислете само како ќе биде вториот, третиот…
„Крајот на светот ќе дојде по битките помеѓу зомбијата и роботите“
Добро е да раскажува смешни приказни колку и да се невистинити само за да ве расположи. Но подобро е сѐ да биде умерено за да не стане апсолутно несериозно и да се изгуби просторот за флерт.
„Планирав да го гледам овој филм долго време“
Добро, можеби досега не размислувал многу за тој филм, но повеќе од очигледно му е дека вие сакате да го гледате. Една бела лага за која нема простор за лутење. Значи, нема ништо лошо во тоа да ви покаже малку вештачки ентузијазам за да поминете неколку часа заедно повторно.
„Беше убаво што те запознав“
Некои состаноци се пеколно досадни и глупави, но тоа не значи дека треба да се биде суров. На крајот на вечерта, заблагодарете му се на лицето за пријатниот престој, дури и ако тоа и за вас и за него била најздодевната ноќ во живот.