Ако сакате вашата бања да мириса убаво, не треба да купувате мириси. Еве 5 идеи што да користите:
Есенцијални масла
Есенцијалните масла се идеални кога сакате вашиот дом да мириса убаво и да избегнете непријатни мириси. Треба само да земете парчиња памук и да ги натопите во есенцијалното масло по ваш избор. Ставете ги парчињата памукот на различни места во бањата.
Омекнувач
Уште еден лесен совет – за да имаат убав мирис крпите за раце, испрскајте ги со вода во која сте истуриле омекнувач. Може да додадете и малку сода во течноста бидејќи има антибактериско дејство.
Тоалетна четка
Додека повеќе луѓе ја гледаат тоалетната четка како шири мирис, може да се случи токму спротивното. Трик што се користи во хотелите – откако ќе исчистите со четка, ставете неколку капки есенцијално масло на неа.
Ароматични сапуни
Еден од најлесните начини е да користите миризливи сапуни. Изберете сосема природен кој содржи само природни состојки и мириси. На овој начин ќе уживате во чистата кожа и бањата ќе мириса убаво.
Домашен мирис
Наместо да купувате мирис, направете еден. Потребно ви е стаклено шише, дрвени стапчиња, вода, малку алкохол и вашите омилени есенцијални масла. Измешајте ги сите течни состојки и натопете ги стапчињата.