Иако е многу важно да внимаваме на храната што ја јадеме, мораме да внимаваме во кој период од денот конзумираме одреден вид на храна.
Појадокот е многу важен оброк – може или да ви го поправи или да ви го уништи денот.
На вашите органи им треба време да се разбудат и да се „движат“. Нутриционистот Ловнет Батра од Њу Делхи составил листа на намирници кои ќе ви го забрзаат метаболизмот и ќе бидат одлично „гориво“ за вашето тело за успешно започнување на денот.
Еве која храна треба да ја јадете за појадок или на празен стомак:
- Бадеми
Бадемите се богати со најважните витамини и минерали и многу е корисно да изедете 5 до 10 бадеми после подолг период без јадење. Ова ќе ни обезбеди многу хранливи материи и нема да чувствуваме глад толку често во текот на денот.
Одлична идеја е бадемите да ги потопите во вода, бидејќи тие имаат уште поголема моќ – кората на ова овошје содржи танин, кој ја подобрува апсорпцијата на хранливите материи, а кога кората од бадемот е добро натопена, хранливите материи полесно се ослободуваат.
- Мед со топла вода
Добро е познато дека оваа комбинација го подобрува варењето и благотворно делува на имунолошкиот систем, а кога се зема на празен стомак – има прекрасно влијание на метаболизмот.
За разлика од многу пијалоци за слабеење кои се препорачуваат, комбинацијата на вода и мед, понекогаш со додавање на лимон, има многу малку калории, дава енергија и промовира детоксикација.
- Суво грозје
Сувото грозје содржи висока концентрација на калиум и железо. Потопете го сувото грозје во вода преку ноќ бидејќи така ќе ја зголемите апсорпцијата на хранливите материи.
Бидејќи сувото грозје е полно со природни шеќери, ја зголемува енергијата наутро и ве подготвува за остатокот од денот. Тие исто така помагаат во регулирањето на нивото на шеќер во крвта.
- Лубеница
Идеално време за уживање во лубеницата е наутро, односно идеално е да се јаде на празен стомак, бидејќи е многу богата со електролити, лесна е и има многу различни хранливи материи.
- Чиа семе
Овие мали семки ги содржат сите девет есенцијални аминокиселини, а тука се и есенцијалните масни киселини, магнезиум, железо, витамини од групата Б. Се препорачува чиа семето да се подготви ноќта претходно или потоа да се остави да отстои во вода или млеко да се отечени, па се меша со свежо овошје.


