Божиќ е прекрасен празник – најубав ако ги прашате децата. И секоја земја има свои обичаи за пречек. Сепак, некои места во светот имаат многу чудни божиќни традиции.
ГИ КРИЈАТ МЕТЛИТЕ ВО НОРВЕШКА / Божиќ во Норвешка малку потсетува на Ноќта на вештерките – се играат многу игри, има костуми и забави и преполна трпеза. На Бадник, сите метли и четки се традиционално скриени – не од хигиенски причини, туку вештерките да не ги крадат ноќе. Следниот ден одат во црква, по што сите деца одат од куќа до куќа да ги поздрават сопствениците и да им пеат божиќни песни. Скоро исто како нашите мали коледари!
УКРАИНСКИ МРЕЖИ/ Во сите христијански земји, индустријата одговорна за новогодишни украси и играчки напредува – но не во Украина! Интересна традиција за украсување елка таму е да се завитка (буквално) со пајажина. Оваа празнична традиција датира од старата приказна за Божиќните чуда. Некогаш имало семејство кое било толку сиромашно што немало украси на нивната новогодишна елка, уморни и тажни сите си легнале во кревет. На Божиќ наутро, кога тие се разбудиле виделе дека целото дрво е преполно со пенлива, бела пајажина што го покривала како мек снег. Така, Божиќниот дух во семејството бил обновен и во нивна чест и до денес Украинците ги украсуваат своите дрвја на овој начин.
ТРИ ДЕНА ПРЕД ДА СЕ ЗГОТВИ, РИБАТА ПЛИВА ВО КУЈНСКИОТ МИЈАЛНИК – СЛОВАЧКА/ Во Словачка, пак, рибата е почитувана – особено крапот. Неколку дена пред Божиќ, најстариот во семејството купува жив крап, кој мора да се остави два или три дена да плива во кујнскиот мијалник или када. Оваа интересна традиција според Словаците покажува почит кон рибите и природата. Покрај тоа, овој обичај има практични димензии – некогаш, кога немало фрижидери, ова бил единствениот начин за чување на рибите пред да се зготват.

ЈАПОНСКО ПРЖЕНО ПИЛЕ / Ако за вас посетата на КФЦ е резервирана по заморен шопинг (или како отрезнување после забава навечер), тогаш во Јапонија тоа е знак дека се ближи Божиќ! Во 1970-тите, KFC влезе на јапонскиот пазар, но за жал американскиот ланец не оствари огромен комерцијален успех во Јапонија. Генијалните експерти за маркетинг еднаш решија да го сменат начинот на кој Јапонците ја перцепираат компанијата и го создадоа „Курисумасу ни ва кентакии!“ (буквално „Кентаки за Божиќ“). Тие толку вешто успеаја да го позиционираат KFC како симбол на Божиќ што до ден-денес млади и стари се редат за специјалното празнично мени – кофа пржено пилешко, чаша шампањ и чоколадна торта.
БОЖИЌЕН ФЕМИНИЗАМ ВО ИТАЛИЈА / Заборавете на машката доминација на празниците пред Дедо Мраз – Италијанците ја имаат својата дама Ла Бефана („Вештерката“). Често портретирана како стара жена, Ла Бефана е фолклорна хероина која јава метла и им подарува подароци на децата во Италија. Се верува дека таа ги обиколува сите домови на 5 декември и им дава на добрите деца слатки, бонбони и подароци, а на непослушните – јаглен. Сепак, пред тоа, сите семејства мораат да остават вино и салама за Ла Бефана, за да биде љубезна со нив.