5 ПИЈАЛАЦИ ЗА РАМЕН СТОМАК

  1. Вода со вкус
    Хидратацијата е примарна кога сакате да го исчистите вашето тело. Ако пиете многу вода, спречувате надуеност. Од друга страна, на овој начин се одржува чувството на ситост. Доколку не сакате да пиете обична вода, додадете неколку капки лимон, парчиња јагода или некое друго овошје за подобар вкус.
  2. Фрапе од лубеница
    Ако ги подготвувате без шеќер, фрапете се одличен начин да се освежите без грижа на совест. Лубеницата е одличен избор за нискокалорична состојка на фрапе. Не само што е природен начин за хидратација поради високата содржина на вода, туку содржи и многу корисни состојки, вклучувајќи го и ликопенот. Содржи и аминокиселина аргинин, која ги намалува мастите.
  3. Ладен чај од нане
    Му помага на телото да се ослободи од вишокот маснотии, но и го забрзува варењето и на тој начин ја спречува надуеноста.
  4. Фрапе од ананас
    Напитокот од ананас ќе ве однесе во тропските предели и ќе му помогне на вашето тело да се ослободи од вишокот килограми. Ананасот содржи ензим бромелаин, кој помага во разградувањето на протеините, го олеснува варењето и спречува надуеност.
  5. Зелен чај
    Содржи антиоксиданси кои можат да влијаат на намалувањето на маснотиите. Исто така, зелениот чај е добар за стимулирање на варењето.