Кучешки стил
Познатата поза им е омилена на многу мажи, но се чини дека не им е на читателите на ова списание. Жените кои учествувале во анкетата изјавиле дека не се чувствуваат поврзани со партнерот во оваа поза, а сексот во оваа поза не ги возбудува доволно. Можеби проблемот бил во нивните партнери, бидејќи на многу парови оваа поза им е многу жешка и возбудлива.
Каубојка
Недостигот на самодоверба одвраќа многу жени од оваа поза. Тие се грижат за тоа како изгледаат, бидејќи оваа поза на мажот му дава добар поглед на нејзиниот стомак и гради. И додека многу мажи изјавуваат дека не забележуваат евентуални „маани“ на жените во тие моменти, многу дами сепак не дозволуваат да уживаат во оваа поза.
Превртена каубојка
Жените тврдат дека не можат да доживеат оргазам во оваа поза, што за многумина е неверојатно. Ги споменуваат и причините кои веќе ги слушнавме: самодоверба и недоволна блискост со партнерот.
Мисионерска
И оваа поза е една од оние кои ја мразат жените и покрај тоа што во неа има очигледна блискост. Експертите велат дека е непожелно мажот да има помал пенис, бидејќи жената тогаш често останува незадоволна. Позата, исто така, може да се обвини дека е едноставна – досадна.
Поза 69
Најчестите замерки на оваа акробатска поза се дека е непријатна, како и тоа што никој не може да се посвети на нивното задоволство. Сигурно е тешко кога треба да го задоволиме партнерот во исто време. Може да се каже дека е една од помалку омилените пози во кревет и кај мажите.