Ако сакате да изградите добра врска со вашиот маж, поставете си ги овие 5 прашања:
- Зошто ме сака мојот човек? Зошто ме цени?
Ако сакате да се расположите и да ја подигнете вашата самодоверба, запрашајте се ова. Самиот мозок ќе почне да ви „фрла“ позитивни одговори на овие прашања.
- Дали сум со него од страв од осаменост или затоа што навистина го сакам?
Обавезно поставете си го ова прашање пред брак. Важно е да се познавате добро, пред да си дозволите да станете нечија жена.
- Што ме привлекува кон него?
Секогаш размислувајте за позитивните квалитети на вашиот партнер. Не велиме дека треба да го гледате преку розови очила, но внимавајте да ги потенцирате неговите позитивни карактеристики.
- Што можам да направам за да се чувствувам среќна и задоволна во моментот?
Жената која се цени себеси и сопствената среќа никогаш нема да го обвини својот маж што не ја направил среќна. Таа знае дека може сама да се направи среќна и дека не и треба маж за тоа.
- Зошто сум достојна за мојот човек? Зошто сум вредна за себе?
Секогаш мора да бидете свесни за својата сила и мора да знаете дека сè е во ваши раце.