Краставиците се покорисни ако се јадат со кора. Еве пет причини зошто никогаш не треба да ги лупите.
- Обезбедува енергија на телото
Витамините Ц и Д, содржани во кожата на краставицата , му даваат енергија на телото. Во случај на замор и губење на тонусот, корисно е да се изеде свежа крцкава краставица, но нужно неизлупена.
- Добро е за срцето
Калиумот содржан во лушпата на краставицата помага да се намали високиот крвен притисок.
- Спречува интоксикација
Кората од краставица обезбедува добро варење. Поточно, содржи многу пектин – овој тип на растворливи влакна помага да се отстранат токсините од телото.
- Ја продолжува младоста
Сакате да стареете побавно? Тогаш дефинитивно не треба да ги лупите краставиците. Многу супстанции содржани во нивната кора се антиоксиданти кои го забавуваат процесот на стареење.
- Го поддржува видот
Кора од краставица е богата со бета-каротин, супстанца која ефикасно ги поддржува функциите на органите на видот .
Важно: Написот е само за информативни цели и не ја заменува консултацијата со специјалист!