Млекото е една од најчесто консумираните намирници. Едно од најкорисните што може да се натпреварува со кравјото млеко е козјото. И покрај неговиот специфичен вкус, кој можеби не им се допаѓа на сите, ова млеко има голем број здравствени придобивки. Истражувањата покажуваат дека хранливите материи со кои е богато, како што се магнезиум, железо, фосфор, витамин Ц и други, нашето тело подобро ги апсорбира, за разлика од кравјото млеко.
Проверете уште неколку добри причини за да го додадете во вашето мени.
Полесно се вари
Иако содржината на маснотии во козјото и кравјото млеко е слична, излегува дека протеинот во козјото млеко е многу полесен за апсорпција на дигестивниот систем. Козјото млеко е пониско со лактоза или млечни шеќери од кравјото млеко. Бидејќи многу луѓе се нетолерантни на лактоза или тешко ја варат лактозата од кравјото млеко, студиите покажуваат дека козјото може да биде добра алтернатива за нив.
Помалку алергени и помалку воспалителни агенси
Повеќето луѓе кои имаат нетолеранција на кравјо млеко обично се чувствителни на еден од протеините што ги содржи, А1 казеинот и немаат способност да го сварат. Покрај тоа, кравјото млеко е една од најчестите причини за алергии кај децата, која може да продолжи и во зрелата возраст. Ова се должи на фактот дека млекото содржи повеќе од 20 различни алергени, вклучувајќи го и А1 казеинот, кој може да предизвика алергиски реакции.
Симптомите на алергија на кравјо млеко често се мешаат со сезонските симптоми на алергија. Овие можат да варираат од треска и течење на носот, до колика кај бебињата. А1 казеинот е многу воспалителен кај некои луѓе и може да придонесе за гастроинтестинални проблеми како што се синдром на нервозно дебело црево, Кронова болест, пропустливи црева и колитис. Исто така, може да игра улога во неколку помалку очигледни проблеми, како што се акни, автоимуни болести и кожни проблеми како егзема.
Од друга страна, козјото млеко содржи само А2 казеин. Ова го прави, во однос на протеините, млекото најблиску до мајчиното млеко.
Висока содржина со калциум
Друга причина да го вклучиме козјото млеко во нашето мени е тоа што, според истражувањата, ни обезбедува повеќе калциум во споредба со кравјото млеко. Калциумот е неопходен за одржување на коските и забите, за добар метаболизам, намалување на тегобите пред месечниот циклус и друго.
Помага во намалување на нивото на холестерол
Една од најдобрите придобивки на козјото млеко е неговото богатство со масни киселини здрави за срцето. Овие масни киселини обезбедуваат енергетски поттик и помагаат во намалување на холестеролот, сугерираат западните истражувања. Научниците веруваат дека консумирањето на козјо млеко помага да се зголеми нивото на „добриот“ холестерол додека се „балансира“.
За подобра кожа
Масните киселини содржани во козјото млеко и помагаат на кожата да изгледа поздраво и поубаво, од внатре кон надвор. Кожата е помека, помазна. Козјото млеко, исто така, ни обезбедува добри нивоа на витамин А, за кој исто така се смета дека го подобрува целокупното здравје на кожата. Дополнително, млечната киселина содржана во козјото млеко помага да се елиминираат мртвите клетки на кожата и да се промовира мазност и цврстина на кожата.
Млекото има pH ниво слично на човечкото, се апсорбира од кожата со помала иритација. Затоа и козјото млеко наоѓа место во некои козметички производи за лице.
И покрај неговата корисност, козјото млеко може да предизвика и некои тегоби, како гасови и болки во стомакот и други, па затоа е добро да се консултирате со лекар пред консумирање, особено ако страдате од некои болести или состојби.