5 ПРИЧИНИ ЗОШТО ЖЕНАТА СТРЕЛЕЦ Е НАВИСТИНА ИЗВОНРЕДНА

Според астрологијата , ако сте родени помеѓу 22 ноември и 21 декември, вие сте Стрелец. Стрелецот е симболизиран буквално – со лак и стрела. Дали знаевте дека овие сончеви знаци се сметаат за кентаур – половина човек, половина коњ?

Во астрологијата, со Стрелецот владее Јупитер, планетата на среќата, богатството, филозофијата и вистината. Како огнен знак, Стрелецот е многу интензивен и екстровертен. Луѓето родени под ова соѕвездие се ентузијасти за животот и забавата, прилагодливи и флексибилни, но и прилично невнимателни. Со сигурност можеме да кажеме дека тоа се слободни духови во потрага по знаење, кои тешко поднесуваат рутинско или сиво секојдневие. И тоа е она што ја прави жената Стрелец толку посебна и извонредна.

  1. Таа е отворена за светот

Жената Стрелец е пријателска со сите, на луѓето им ја дава својата светлина и позитивна енергија. Постојано бара нови можности и нови пријатели, се стреми кон се од што може да научи нови информации.

  1. Сака да филозофира

„Која е вашата цел?“, „Зошто сме овде?“… Сака длабоко да размислува за нејзините лични вредности и квалитети. Таа се впушта во филозофско расположение и сака да ги споделува своите идеи со вас.



  1. Избегнува да изгледа слаба и ранлива

Стрелците се почувствителни отколку што признаваат. Таа никогаш нема да изгледа слаба затоа што верува дека е доволно силна за да помине низ тешки времиња – и обично е во право.

  1. Таа е несовесна на моменти

Да, Стрелците дефинитивно можат да бидат непромислени со своите емотивни одлуки. Обожаваат адреналин и екстремни искуства, затоа бидете подготвени.

  1. Таа знае да биде многу таинствена

Стрелците се секогаш во движење и ретко споделуваат со другите што се случува во нивните животи. Оваа жена не се обидува ништо да сокрие, едноставно не гледа смисла постојано да ги информира другите. И покрај тоа, таа не го сфаќа туѓото мислење премногу лично, за неа најважно е нејзиното.