5 СОСТОЈКИ КОИ ПОМАГААТ ПРОТИВ ВОЗНЕМИРЕНОСТ И СТРЕС

Колку често во последно време се чувствувате напнато, стресно, зборувајќи за стресот пред семејството и пријателите? Стресот е тој непоканетиот гостин кој мора да си поставиме за цел да го испратиме што е можно побргу од нашите животи.

Спорт, здрава исхрана, читање позитивна литература, комуникација со луѓе кои повеќе ја гледаат светлата страна на животот … Ова се некои од малите чекори. Се разбира, не можеме без некои важни хранливи состојки за кои се покажа дека му помагаат на телото да се справи со стресот. Проверете некои од нив. Важно! Консултирајте се со лекар пред да земете било што.

Магнезиум
Магнезиумот е еден од најпотребните минерали, вклучен во над 200 процеси во човечкото тело. Тоа е природен мускулен релаксант кој многу помага при вознемиреност. Магнезиумот делува како релаксант за нервниот систем и помага при страв, раздразливост и вознемиреност. Го стабилизира расположението и промовира чувство на смиреност. Бидете сигурни дека имате доволно од бего преку здрава храна. Обрнете внимание и на калциумот, бидејќи двата минерали добро „соработуваат“.



Билката пасифлора (Passiflora Incarnata)
Има природни смирувачки својства и се верува дека помага при вознемиреност и несоница. Пасифлора помага да се зголемат нивоата на ГАБА (гама-аминобутирна киселина) во мозокот. Така, нервниот систем се релаксира со намалување на мозочната активност, што доведува до намалување на нивото на стрес.

Теанин
Теанинот е аминокиселина што може да ја добиете со конзумирање добар зелен чај. Таа е поврзана со намалување на анксиозноста, делува релаксирачки и промовира добар сон. Докажано е дека теанинот ги намалува реакциите на стрес во организмот така што ќе се чувствуваме посмирени, дури и во ситуации што не прават напнати.

Мелатонин
Исто така познат како хормон за спиење. Нашето тело го синтетизира природно, сепак, ако немаме доволно мелатонин, можеме да страдаме од проблеми со спиењето, релаксација, вознемиреност. Добрата работа е што покрај додатоците на храна, можете да ја добиете и со конзумирање на некоја здрава храна.

Омега – 3 масни киселини
Една од најкорисните масти за здравјето на срцето, метаболизмот, нивото на енергија, кожата, коските, но и за нашето добро расположение. Омега-3 се главните градивни блокови на мозокот и нервниот систем, па затоа, кога ќе добиеме доволно од нив, се грижиме за нашата добра когнитивна функција. Омега-3 му помагаат на телото да се справи со штетните ефекти на стресот.