Квалитетот на спермата е многу важен за успешно зачнување. Еве неколку совети од сексолозите до мажите за да го задржат квалитетот на потребното ниво.
- Барем една недела пред обидот за зачнување, мажот не треба да носи мобилен телефон во џебовите на панталоните.
- Ако мажот е тежок пушач, тој не треба да пуши барем на денот на зачнувањето или во најлош случај – три часа пред сексуалниот однос.
- Не треба да консумира алкохол најмалку два дена.
- Двојката мора да има редовен сексуален однос најмалку три месеци пред зачнувањето. Редовниот секс е тој што ја зголемува плодноста кај мажот, додека нередовниот секс има спротивен ефект.
- Гледањето порно значително ја зголемува плодноста кај мажот. Но, не секое порно дава максимален резултат. Во оваа смисла, сцените со една жена и неколку мажи се најефикасни за плодноста кај мажите. Студиите на Универзитетот во Западна Австралија, вклучени 52 мажи на возраст од 18 до 35 години, покажаа дека ејакулацијата кај мажот кога гледа ваков вид порно е најплодна. Објаснувањето е дека на потсвесно ниво, човекот што изгледа се натпреварува со оние од неговиот вид што ги гледа на екранот, и затоа неговото тело произведува поквалитетни сперматозоиди.