Кои 5 работи за љубовта ги знае само една зрела жена:
- Телото не мора да биде совршено за да се сакате себеси или некој да ве сака вас – Зрелата жена разбира дека не треба да се оптоварува за да го доведе своето тело до идеалот. Телото е вашиот верен помошник на ова патување наречено живот. Наместо да се критикувате за „несовршености“, вие ги сакате. Во зрелоста, сфаќате дека вашето тело ви припаѓа вам и дека не мора да изгледа како што очекува општеството, публиката на социјалните мрежи или личноста која ви се допаѓа. Бидете благодарни за вашето тело и третирајте го со почит.
- Зрелите жени знаат дека мажите можеби доаѓаат и си одат, но одредени пријателки се таму засекогаш – Со пријателките често имаме блискост што не може да се мери со односот со партнерот. Една од најголемите лекции е да ги занемарите пријателствата заради романтична врска . Зрелата жена знае дека пријателите кои се со неа во добри и во лоши моменти се оние кои не смее да ги заборави во ниту еден аспект од животот.
- Подобро е да се заљубиме во добар човек отколку да се водиме само од страстите – Во младоста често наместо нас одлучува нашиот лидибо, а не нашиот мозок. Како резултат на тоа, добиваме убава интимност, но емоционална болка. Зрелите жени првенствено бараат задоволување на нивните емоционални потреби, а со нив доаѓа и подобрување на либидото .
- Расправијата не е крај на врската – Во младоста дури и бесмислените расправии беа големи проблеми, дури и причина за раскинување на врската. Со годините разбираме како да направиме компромис, да најдеме решение и да надминеме некои работи кои не нè загрозуваат нас и нашата врска. Зрелите жени знаат дека во врските има подеми и падови и дека нема потреба од паника и страдање при секое несогласување.
- Зрелите жени се сакаат многу повеќе – Вистина е дека понекогаш можат да паднат во замката на самокритичност, но имаат повеќе почит кон себе и љубов кон своето битие. Тие се свесни дека односот што го имаме со самите себе е важен и дека, доколку е позитивен, може само да ни донесе повеќе радост и напредок.


