За врската да биде успешна, мора да има разбирање, хармонија и доверба. На сето ова, сепак, мора да го вклучиме и редовниот секс, кој ги зближува партнерите, ја зајакнува хемијата, а исто така е многу корисен. Еве ги најдобрите придобивки од сексот:
Го зголемува имунитетот
Сексуално активните луѓе користат помалку денови за боледување.
Луѓето кои имаат секс имаат повисоки нивоа на антитела кои го штитат телото од бактерии, вируси и други натрапници.
Сексот е како вежбање за карличните мускули. Оргазмот предизвикува контракции на овие мускули и ги зајакнува.
Силен карличен под е важен за да се избегне инконтиненција (протекување со мала потреба при физички напор) Инконтиненција е забележана кај околу 30% од жените во старост.
Го ублажува стресот
Да се биде близок со вашиот партнер може да го смири стресот и анксиозноста.
За време на сексот, телото ослободува природен лек кој прави да се чувствувате среќни.
Сексот е гимнастика
Сексот е навистина одлична форма на вежбање.
За време на сексот се согоруваат околу пет калории во минута. Значи, редовниот секс може да ја замени посетата на теретана.
Ја намалува болката
Пред да посегнете по лекови против болки, обидете се да доживеете оргазам.
Оргазмот може да ја блокира болката. Тој ослободува хормон кој помага да се подигне прагот на болка.
Го намалува крвниот притисок
Истражувањата покажуваат врска помеѓу сексот и понискиот крвен притисок. Луѓето кои имаат секс поретко страдаат од висок крвен притисок.