Првиот впечаток е исклучително важен за вашата идна врска со непознатата личност. Но, дали знаевте дека овој впечаток се создава за само 7 секунди на потсвесно ниво? За да бидете сигурни дека ќе се допаднете на другата страна, следете ги овие трикови препорачани од BrightSide.
- Не заборавајте на поздравот.
Разговорот кој не е започнат со општо прифатената фраза за претставување може да доведе до малку непријатна ситуација, бидејќи лицето наспроти вас било неподготвено. Затоа, подобро е да го поздравите на почетокот и да се претставите. Не треба да се плашите да бидете првиот кој ќе подаде рака на странец. Ова е наједноставната компонента на успешното дружење, кое честопати се занемарува.
- Погледнете ја личноста во очи.
Голем дел од комуникацијата е невербална. Затоа со директен и отворен поглед во очите можете брзо да ја опуштите другата личност. Ова е универзален сигнал за доверба и искреност. За да не изгледате премногу самоуверено, повремено можете да го погледнете соговорникот под нивото на очите.
- Покажете самодоверба.
Нашето тело ни кажува многу. Вреди да се искористи ова за да се остави вистинскиот впечаток. Сигналите што демонстрираат отвореност и создаваат атмосфера на доверба се: слободно држење на телото, прави (но не и напнати) рамена, крената глава, рацете некрстени, опуштени за телото.
- Внимателно слушајте.
Класичната грешка на состанокот е да зборувате бесконечно за себе. Во исто време, луѓето сочувствуваат со оние кои покажуваат интерес. Обидете се да му дадете можност на вашиот соговорник да каже нешто. Можете да му поставите прашања во врска со неговото хоби и работите што сака да ги прави и активно да ги слуша.
- Насмевнете се искрено.
Придружувајте ја секоја нова средба со искрена насмевка и запознавањето нови луѓе ќе стане многу полесно. Ако зрачите со позитивни чувства и емоции, несомнено ќе предизвикате симпатии кај личноста од другата страна.