5 ЗНАЦИ КОИ ПОКАЖУВААТ ДЕКА ГО РАБОТИТЕ ОНА ЗА КОЕ ШТО СТЕ РОДЕНИ

Ви се допаѓа вашата работа, вашите одговорности и односите со колегите, клиентите и компанијата. Но, како можете да бидете апсолутно сигурни дека сте на вистинското место за вас? Business Insider ги споделува знаците дека сте родени за работата што ја работите.

  1. Работата ги рефлектира вашите јаки страни
    До овој момент, треба да сте веќе свесни за вашите „ѕвездени“ моменти или падови. Исто така, веројатно сте ги разбрале вашите можности и сте прославивте голем успех. Оваа само-перцепција се стекнува со време и искуство. Експертот за кариера во TopResume, Аманда Августин објаснува дека кога работното место одговара на вашиот талент, тогаш сè оди како што треба.
  2. Вашата личност и работа совршено се совпаѓаат
    Секако звучи донекаде метафорично, но експертот Џои Алтимар забележува дека е природно да бидеме полни со хармонија и енергија кога сме на вистинскиот професионален пат. Тој објаснува дека вистинската работа ги тера луѓето да веруваат во себе и да се чувствуваат задоволни.
  3. Мислите дека има што повеќе да се научи
    Дури и ако вашата работа нуди сè што ви треба – добра плата и флексибилно работно време – ако не ви дозволува да растете, тогаш ги занемарувате другите вештини. Како што истакнува Августин, професијата треба да ви даде можност не само да го развивате вашиот талент, туку и да ги проширите вашите вештини.
  4. Вашата работа може да биде стресна, но сепак ви се допаѓа
    И во најпрекрасната работа на светот, не е сè совршено. Всушност, стресот се јавува насекаде, без оглед на индустријата или вашето место во хиерархијата. Експертот на TopResume потсетува дека секогаш ќе има долги ноќи, кратки рокови, незадоволни клиенти и куп негативни страни. Но, ако сте на вистинскиот пат, ова ќе бидат само мали детали.
  5. Возбудени сте од вашата работа
    Недела е, знаете што значи тоа – се чувствувате непријатно за претстојниот понеделник. Или не, ако ја сакате вашата работа. Дури и ако има моменти кога сте навистина уморни, ова не е предуслов за да имате мрачни мисли за вашата кариера. Аманда Августин тврди дека кога некое лице е искрено посветено на својот професионален развој, мислите за неговата работа го инспирираат.