- Пошироко лице = повеќе тестостерон
Колку се пошироки јагодичките, толку е поголема веројатноста да бидете самоуверени, дури и агресивни, вели науката. Се разбира, ова не значи дека луѓето со широко лице се напаѓачки расположени, туку едноставно, доколку се појави конфликт, тие ќе се спротивстават, отколку да го игнорираат.
- Висока линија на веѓи = поблага природа
Забележано е дека луѓето кои полесно се сложуваат со другите често имаат висока линија на веѓи и високо чело.
- Слабо лице = помалку болести
Луѓето со помалку маснотии на образите се поотпорни на болести и помалку страдаат од стрес. Исто така, сопствениците на тенко лице страдаат помалку од вознемиреност и депресија. Но, тоа може да биде поврзано и со целокупната состојба на телото затоа што, генерално, активните луѓе имаат помалку маснотии на лицето и се посреќни.
- Долг нос = поголема амбиција
Научникот Абрахам Тамир работел многу години на поврзување на одредени црти на лицето со личноста на луѓето. Тој заклучил дека луѓето со долг нос можат да бидат многу амбициозни, да имаат добар инстинкт и да имаат тенденција да бидат лидери.
- Пократок нос = поголема емоционалност
Откако ги проучувале фотографиите на 1793 луѓе, научниците заклучиле дека луѓето со пократок нос и сладок врв на носот многу полесно ја изразуваат својата чувствителна страна. Исто така, тие се по љубезни од другите.
- Бебешко лице = поголема самодоверба
Научниците го споделија со остатокот од светот фактот дека мажите со „бебешко“ лице обично не се доминантни во нивната младост, а имаат и голема самодоверба во зрелоста.