6 НАВИКИ НА НЕСРЕЌНИТЕ ЛУЃЕ

Среќата има различен облик кај секого. Од друга страна, секој може да ја препознае несреќата. Ова чувство доаѓа брзо, ве зграпчува и ако сте пасивни, може да биде деструктивно за вашиот живот. Во истражување на научник, кој ги следел испитаниците осум децении, открил дека да се биде меѓу несреќни луѓе е поврзано со полошо здравје и пократок живот.

Несреќните луѓе често следат лоши навики, а една од нив е да се опкружуваат со други несреќни и негативни поединци. Но, кои се нивните други навики?

Тие се радуваат на иднината

Една од најголемите грешки што ги прават луѓето кои не се среќни е тоа што често си велат „Ќе бидам среќен кога…“. Без разлика дали се работи за љубов, успех во кариерата или друг личен успех, овие луѓе ставаат премногу акцент на околностите, а подобрените околности не секогаш водат до среќа. Забораваат да се фокусираат на сегашниот момент од нивниот живот, да ги бараат добрите работи во него, заборавајќи дека немаат гаранција каква ќе биде нивната иднина.

Трошат премногу време и напор за стекнување „работи“

Според западните студии, навиката да бркаме материјални работи не не прави среќни, туку напротив. Затоа што може да доживееме разочарувања, сфаќајќи дека сме ги добиле, но на сметка на тоа сме ги изгубиле на љубовта, добрите пријателства, нашите хобија итн.

Остануваат дома

Кога не се чувствуваме расположени, ни е тешко, најчесто претпочитаме да останеме дома, да не се гледаме со никого. Но, кога ќе дозволиме ова да стане тренд, се ставаме на ризик од несреќа и депресија.

Се гледаат себеси како жртва

Несреќните луѓе имаат тенденција да дејствуваат од позиција на некој кому животот му е многу тежок и ништо не е под нивна контрола. Постојаното жалење и следење на оваа заблуда само промовира чувство на беспомошност. Луѓето кои се чувствуваат беспомошни веројатно нема да преземат нешто за да ја подобрат својата ситуација.

Песимизам

Ништо не раѓа несреќа како песимизмот. Тоа ги влошува работите, но станува и самоисполнувачко пророштво. Кога очекуваме да ни се случат лоши работи, токму таквите негативни настани стануваат дел од нашиот живот. Песимистичките мисли обично се нелогични, неоправдани и нè заробуваат во постојано жалење без да преземеме нешто за да го подобриме нашиот живот.

Тие се споредуваат себеси со други луѓе

Се споредуваат со луѓе за кои мислат дека се среќни, успешни, дека го имаат тоа што тие го немаат. Зависта е некомпатибилна со среќата, а несреќните луѓе забораваат дека споредувањето себе си со некој на кој му завидувате ретко е мотивирачко, туку секогаш е депресивно. Споредувањето во минимални количини би имало мотивирачки ефект, но внимавајте со кого се споредувате и дали вашите желби навистина имаат вредност.