6 ОБЈАСНУВАЊА КОИ НЕ ГИ ДОЛЖИТЕ НИКОМУ

Роднини, пријатели, колеги – не ве уморува тоа што понекогаш (некогаш и многу често) ве оптоваруваат со нивното мислење за вашиот личен избор? Вие понекогаш може да се чувствувате должни да одговорите на нив, но некои работи се само ваш проблем. Запомнете, не должите никому објаснување за …

вашите приоритети во животот. Вие најдобро знаете што ве прави среќни, што ќе ве задоволи. Без разлика дали ќе изберете да се фокусирате на вашето семејство или на вашата кариера, никој нема право да ви суди во двата случаи.

вашиот изглед. Ова не ја дефинира вашата вредност како личност. Погледнете се и облечете се како што ви се допаѓа, а не како што налага критичкото око на вашата мајка, другарка, комшивка…

потребата понекогаш да се биде сам. Не грижете се ако ве сметаат за асоцијални или груби. На сите ни треба време да се релаксираме со нашите мисли.

… вашите преференции во исхраната. Никој нема право да ви каже што да јадете или да не јадете. Дали сакате пица? Ова е ваша работа. Нека колешката, која живее само на салата, да се грижи за својата.

… вашите религиозни и политички ставови. Ова се исклучително лични работи и сигурно имате своја причина да верувате во она во што верувате. Ако некој не може да ве прифати, проблемот е негов а не ваш.

… за вашата врска или недостатокот од неа. Да се ​​биде сингл не е болест. Да бидете во врска со некој што е „несоодветен“ за вашите пријатели, исто така. Важно е како се чувствувате вие. Кога ќе го преминете прагот на вашиот дом, оставете го јавното мислење надвор.