7 ИДЕАЛНИ ЗАМЕНИ ЗА СЛАТКИ

Јаболка
Најголем дел од шеќерот во јаболкото е фруктоза, т.н. овошен шеќер , кој за разлика од другите засладувачи, како што се гликозата или сахарозата, не го зголемува нивото на шеќер во крвта на високи нивоа. Друга предност на ова овошје е богатството на влакна кои помагаат во разградување на гликозата и со тоа и намалување на нивото на шеќер во крвта.

Зелените јаболка имаат значително помалку шеќер од црвените!

Манго и ананас
Тропското овошје е особено слатко, а мангото е лидер со дури 46 грама шеќер во едно овошје! Ананасот е само малку помалку сладок и важно е да се внимава со внесувањето. Комбинирањето на тропско овошје со протеини како грчкиот јогурт може да помогне бидејќи го забавуваат ослободувањето на шеќер во крвта.

Лубеница
Лубеницата е одличен начин да ги засладите топлите летни денови, бидејќи содржи малку јаглехидрати, па парче или две нема значително да го подигнат шеќерот во крвта.



Лекарите и диететичарите забележуваат дека луѓето без дијабетес не треба да се грижат за консумирање премногу шеќер преку овошјето, особено ако одлучат да го користат како замена за бонбоните и сите други облици на рафиниран шеќер. Исто така, поради различниот начин на разградување во организмот, природните шеќери кои се наоѓаат во овошјето значително помалку дебелеат и се најздрав начин за задоволување на желбата за слатко.

Банана
Бананата можеби не е најслаткото овошје, но има висока содржина на шеќер што се зголемува за време на зреењето. „Доколку внимавате на внесот на шеќер, обрнете внимание на големината на бананите и јадете ги оние кои се помали по големина и имаат позелена кожа – бидејќи колку е кожата покафеава, толку е послатка“, нагласува Сервони.

Цреши и грозје
Да бидеме искрени, слатките и вкусни цреши се лесни за јадење во многу повеќе од препорачаната шолја! Експертите советуваат да бидете умерени бидејќи се богати со шеќер. Вистина е дека се работи за многу поздрав вид на шеќер кој нема да ни наштети како оној што го има во слатките, но сепак е важно да не претерувате и да бидете умерени.

Така е и со грозјето, исто така богато со шеќер, но сепак поздраво летно уживање од сладоледот.