Овен
- Тие го прават животот возбудлив.
- За овните, секој момент е важен во нивниот животот, а чувството е заразно.
- Доколку ви треба партнер за скокање банџи, јавете му се на овенот.
- Можете да имате страшна кавга со овен, но после 5 минути тој ќе заборави на сè.
- Кога ќе им дојдете на гости нема само да ви ја отворат вратата за добредојде, туку ќе скокаат и ќе бидат безрезервно радосни што сте дошле.
- Страстен и жесток, овенот често има потреба добро да се издува.
- Тие се заљубуваат многу брзо, но силно. Па доколку во вас се заљуби некој роден во знакот овен, заврзете го појасот и уживајте во возењето.
Бик
- Луѓе што најмногу сакаат да се мазат и галат.
- Тие се многу лојални и одлични пријатели и секогаш ќе бидат тука за тебе.
- Тие секогаш се искрени сами со себе. Тие се скоро неспособни да не бидат свои или да мамат.
- Доколку се чувствувате виновно бидејќи сте изеле уште едно колаче, а сте на диета, бикот ќе ви каже дека сте го заслужиле и ќе ви донесе и една чаша млеко.
- Секогаш ќе се чувствувате добредојдени во домот на бикот.
- Бикот може да ви помогне да си ги реализирате вашите брилијанти идеи.
- Биковите сакаат да се честат себеси со најдобрите глетки, вкусови, звуци, мириси и чувства кои светот ги нуди, па така неговиот живот е многу богат.
Близнаци
- Секогаш се спремни за добар, долг разговор.
- Обожаваат да сретнуваат нови луѓе и да доживуваат нови искуства.
- Доколку не си се допаднало лицето кое денеска ви го покажале, не грижете се, утре ќе бидат сосема други.
- Тие се многу паметни и добро начитани.
- Тие се отворени и комуникативни, па нема да ви треба многу мака за подобро да ги запознаете.
- Се чувствувате статични и неактивни? Потребата на близнаците да менуваат нешто кај луѓето сигурно ќе ви помогне.
- Секогаш можете да сметате на близнаците дека ќе бидат предвидливо непредвидливи.
Рак
- Без разлика дали се дружите со нив некаде на кафе или во нивниот дом, тие секогаш ќе прават да се чувствувате добредојдено.
- Поради нивната сентиментална страна, раковите секогаш сакаат да се навраќаат на добрите стари денови.
- Кога ракот ќе те праша „Како си?“, навистина сака да го знае одговорот.
- Познавајќи го своето опкружување, тој инстантно знае доколку нешто не е во ред.
- Тие секогаш знаат да поклонат честитка од срце.
- Раковите поседуваат тивка сила која често е потценета.
- Тие секогаш се најсреќни кога поминуваат време со луѓето кои ги сакаат.
Лав
- Забава, забава, забава
- Го сакаат животот и луѓето, а нивниот ентузијазам е заразен.
- Тие се неодоливо и безгрижно романтични.
- Тие се заштитнички настроени и секогаш спремни да им се препуштат на луѓето кои ги сакаат.
- Шармот кој го поседува лавот, може да го извлече од многу непријатни ситуации.
- Доколку некој лав е заинтересиран за вас, ќе се обиде да направи да се почувствувате како најпосакуваната личност која гази на Земјата.
- Лавовите се дефинитивно пријатно чудни и многу уникатни.
Девица
- Тие се длабоки и сензитивни луѓе.
- Кога ќе ви требаат, секогаш ќе бидат тука за вас.
- Тие би ви го средиле вашиот плакар и би се забавувале дур го прават тоа.
- Никогаш нема да го чекате вашиот пријател роден во знакот девица, бидејќи тој секогаш доаѓа 5 минути порано од договореното.
- Се чувствувате скршено и совладано? Јавете ѝ се на девицата и таа ќе ви го реши проблемот.
- Тие се грижливи и одговорни. Доколку некој е изоставен и заборавен на некоја забава, таа тоа ќе го забележи и ќе го поправи.
- Тие прават сè што претходно си го наумиле, па нивниот живот е исполнет и интересен.
Вага
- Тие успеваат секоја ситуација да ја направат попријатна. Од нив зрачат пријатни вибрации.
- Вагата е среќна кога сите околу нив се среќни.
- Скоро е невозможно да не ја сакате вагата. Всушност, нивното мото треба да биде „Сите ја сакаат вагата“.
- Вагата секогаш ќе ви помага да ги видите двете страни на некој проблем.
- Тие ја ценат убавината и ја носат во животот на луѓето кои ги сакаат.
- За нив, релаксацијата е уметност и секогаш сакаат да ги канат останатите во нивниот комфорен начин на живеење.
- Секогаш се поетично расположени, а обожаваат уметност.
Скорпија
- Скорпиите се најлојалните луѓе кои некогаш ќе ги сретнете. Придобијте скорпија на ваша страна и спремни сте за животот.
- Секогаш се подготвени за долги и значајни разговори, бидејќи се опседнати со интимноста.
- Многу е забавно да правиш заговори и шеми со скорпија.
- Тие забележуваат сè, дури и најситни детали. Сте се шишале? Тие ќе го забележат тоа и ќе ви дадат комплимент.
- Доколку направите нешто фино за нив, тие ќе го ценат тоа и вечно ќе го помнат.
- Никогаш нема да се чувствувате чудно зборејќи за секс со скорпија. Тоа е нејзината омилена тема.
- Скорпијата е најмоќниот знак во зодијакот. Ги користат своите моќи за добро, а можат и да го променат светот.
Стрелец
- Животот со нив е авантура.
- Нема да најдете подобродушен знак од стрелецот. Тие ќе ви дадат сè што ви е потребно, без да очекуваат да им ја возвратите услугата.
- Тие се одлично друштво за забави, затоа што се весели, дружељубиви и посакувани.
- Tие секогаш имаат мислење и не се плашат да се борат за своите уверувања.
- Секогаш се отворени да слушнат за искуствата и идеите на останатите луѓе.
- Секогаш ќе знаете на што сте со стрелецот, бидејќи се искрени и директни.
- Се чувствувате тажно? Јавете му се на стрелецот. Тој може да ја види светлата страна на секоја ситуација.
Јарец
- Јарците се многу успешни и успеваат тоа да го пренесат на сите во своето опкружување.
- Никогаш не пропуштајте забава која ја организира јарец. Тие се неверојатни домаќини.
- Тие се силни и самостојни.
- Секогаш ќе бидат тука за да ве поддржат.
- Тие се амбициозни, а нивната навика за поставување високи цели ќе ве поттикне и вас да го сторите истото.
- Приземни и топли, тие се големи мази.
- Љубовта на јарецот е често во придружба на вкусни печива.
Водолија
- Водолиите секогаш имаат инвентивни и оригинални идеи.
- Тие се разумни, објективи и секогаш даваат добри совети.
- Благодарение на нивниот брз интелект, тие се одлични во комуникацијата.
- Одлично е да бидете во нивно друштво, бидејќи тие ги сметаат своите пријатели за фамилија.
- Тие не ја следат толпата, туку создаваат своја.
- Тие се многу хуманитарни и сакаат да го направат светот подобро место за живеење. Не само што зборуваат дека сакаат хумани дела, туку и ги прават.
- Водолиите сакаат сите луѓе да се среќни и згрижени.
Риби
- Благодарение на нивната енергија и благодат, тие се како самовили од друга планета.
- Што и да планирате со родените во знакот риби е многу лесно, бидејќи многу лесно се согласуваат со сите.
- Потребен ви е совет од предвидувач на иднината, а немате доволно пари? Јавете му се на вашиот супер интуитивен пријател роден во знакот риба.
- Рибите се многу длабоки и чувствителни луѓе.
- Тие се полни со разбирање и не осудуваат. Можете да им верувате со вашите емоции.
- Смирувачката енергија на рибите е поефективна од чаша вино.
- Нивната природа лесно да прифаќаат авантури, ги носи на неверојатни места. Начинот на кој тие живеат, е инспиративен.