ФУСТАНИ ИНСПИРИРАНИ ОД ПРИРОДАТА (ФОТОГРАФИИ)

Многу работи црпат инспирација од природата. Технологијата, архитектурата, скоро сè што создаваме е до одредена мерка под влијание на светот околу нас. Инстаграм профилот fashion.biologique докажува дека модата позајмува и од природата. Всушност, многу дизајнери создаваат инспирирани од цвеќиња, риби, птици и други претставници на флората и фауната.

Креатор на овој профил е Американката Џил Шерман, која ги собира најдобрите примери, правејќи колажи кои јасно покажуваат колку детали се земени од природата.

Таа започна да ги споделува своите фотографии на социјалните мрежи минатата година за време на карантинот.

“Како дете имав интерес за природата и науката, а мојата страст за модата беше во моите тинејџерски години. Во тоа време сфатив дека имам чуден талент да се сеќавам на текстури, форми и модели. Во 2009 година започнав да ги објавувам моите набљудувања на мојот моден блог. И тие им се допаднаа на моите читатели. Се надевам дека луѓето ќе ја ценат неверојатната убавина на природата. Модната индустрија постојано црпи инспирација, суровини и енергија од неа. Ако навистина ја сакаме модата, треба да бидеме заинтересирани и за тоа каде потекнува од тоа. “, рече Шерман во неодамнешното интервју.

И сега ве оставаме да ги погледнете нејзините интересни колажи:

View this post on Instagram

A post shared by Jill Sherman (@fashion.biologique)