КНИГА НА ДЕНОТ-ПРЕВРТЕНА ЉУБОВ ОД ДОРА ПОПОВА

Романот „ Превртена љубов “ е приказна за лажните соништа на човековото его кое, мечтаејќи за освојување на недостижното, остава длабоки лузни и празнина во човековата душа. Приказна за силата на гневот, за неверството и интригите на една млада жена во чија што заднина се наоѓа нејзиниот копнеж за љубов. И токму кога излезот од темнината не се гледа никаде,при неочекуваната средба со смртта, се наѕира првиот зрак светлина…