МАЛА Е КОРИСТА ОД ОЧИТЕ АКО УМОТ Е СЛЕП- АРАПСКИ ЦИТАТИ

  • Послушај го оној кој ќе те натера да плачеш, а не оној кој ќе те насмее.
  • Мала е користа од очите ако умот е слеп.
  • Подобро е на пријателот да му простите, отколку да го изгубите.
  • Казната не поправа ниту една неправда, ама може да спречи стотици други.
  • Делата сведочат за паметот на човекот, а зборовите за неговото знаење.
  • Лагата понекогаш му е одвратна и на самиот лажго.
  • Најдрагоцени се оние пријатели кои не ги познаваме.
  • Бавноста доаѓа од Бога, а брзината од ѓаволот.
  • Човек без воспитување е како тело без душа.
  • Времето е господар на оние кои немаат други господари.
  • Отвори ја устата само ако имаш да кажеш нешто поубаво од тишината.
  • Онаму каде сонцето сјае цел ден се создава пустина.
  • Ако се плашите од нешто – не го правете го; ако го правите – не плашете се!
  • Мажите кои не им ги простуваат малите грешки на жените никогаш нема да уживаат во нивните вистински умешности.
  • Армија овци предводена од лав ќе победи армија лавови предводена од овца.