КАКО ДА ГО СПРЕЧЕТЕ ПОЖОЛТУВАЊЕТО НА ЗАБИТЕ!

Со текот на времето, нашите заби почнуваат да жолтеат се повеќе и повеќе, без разлика колку внимание посветуваме на хигиената. Кога таа жолтило ќе почне да ни пречи, обично започнуваме посилно да ги миеме забите со надеж дека ќе ги отстраниме жолтите дамки и ќе го вратиме бисерниот бел сјај на забите.

Но, еден стоматолог објасни дека премногу напорното четкање прави повеќе штета отколку корист. Тој предупредува дека дека голем број луѓе ја прават истата грешка без да бидат свесни за последиците.

Тој објаснува дека надворешниот слој на забот, познат како емајл или глеѓ, е бел, но следниот слој подолу, познат како дентин, е жолт. Ако емајлот се истроши, жолтата боја ќе почне да се покажува, а посилното четкање само ќе го влоши проблемот.

“Многу луѓе мислат дека премногу напорното четкање ги прави забите побели, но всушност ја троши белата забна глеѓ. Кога емајлот ќе се истроши, забите стануваат жолти и чувствителни”, вели стоматологот.

„Затоа, нежно исчистете ги забите и користете помека четка за заби“, додаде тој.

На прашањето во коментарите како да се врати белиот слој, тој препорача третмани или средства за белеење, но тој истакна дека најважно е редовно да ги миете забите и да одите на стоматолог на прегледи.